Thursday, September 18, 2014

Нормален психомоторен развој на децата до пет години - развојни патокази -


Возраст
Развојни патокази
9   месеци
удвојува исти слогови ,,ма ма,,  ,,да да,,
го разбира зборот ,,не,,
копира звуци и гестови од другите
користи прст кога сака да покаже нешто
мавта ,,па-па,,
има омилени играчки, знеа да игра криенка ,,зе,,
ползи, стои придржувајќи се, седнува само

12 месеци
го знае своето име и реагира на него
следи едноставни вербални налози
појава на првиот осмислен збор
користити едноставни гестови , како мрдање со глава за ,,не,,
имитира / почеток на формирање на имитативна игра
истражува предмети (тресење, фрлање), наоѓа скриена играчка, истовремено удира два предмета
стабилно седи и брзо ползи, може да се подигнува, да стои и оди со придржување за на мебелот, после 12 м. проодува

15 месеци
изразито мрмори и вокализира, кажува 4-5 збора
гради кула од 2-3 коцки, шкрта со молив по хартија
повеќе помага при облекување и хранење
за тоа што го сака или му треба покажува
сака да ги гушка родителите
оди самостојно на широка основа, умее да се наведне и да ја
     дофати играчката од подот

18 месеци
кажува 5-10 зборови
идентификува еден или повеќе делови од телото
покажува употреба на една (доминанта) рака, црта права црта на лист хартија, врти листови на книга (најчесто по две страни одеднаш)
играта е покомплексна: не ги става веќе играчките во уста, гради  кула од 3-4 коцки, тркала топка или ја удира со нога и притоа држи равнотежа
соблекува чевли, се обидува самостојно да се храни
добро оди, трча, се качува и слегува по скали со помош

24 месеци
составува 3 збора заедно, може да побара предмет по име
гради кула од 6 коцки, слуша приказни со сликички
ужива во игра со фрлање и фаќање на топка, нижење на перли на конец
препознава семејни слики
добро ракува со лажичка, помага при соблекување
добро трча, се качува и слегува по скали самостојно, отвара
     врата, се качува по мебелот

30 месеци
за себе се обраќа со ,,јас,, , го знае своето име
гради кула од 8 коцки, црта вертикална и хоризонтална линија, имитира круг, сложува сложувалка од 3-4 дела
прв цртеж на човечка фигура ,,полноглавец,,
помага при средување на играчки, присутна имагинативна игра
најрадо игра само или во присуство на другите деца, но сеуште не со нив
скока

36 месеци
ја знае својата возраст и полот, брои до три предмети, повторува три броеви, коментира додека црта, води разговор со себе или играчките                          
гради кула од 9 коцки, копира круг, прецртува крст
воспоставување на визуомоторна контрола (држење на молив во рака)
памти и извршува посложени налози по редослед
игра едноставни игри (паралелно со другите деца), сака да ги
     имитира активностите на возрасните, кон куклите се однесува како  кон дете
се качува по скали нога пред нога, стои на една нога за момент, може да вози трицикл
48 месеци
брои 4 парички точно, раскажува приказна
имитира конструкција на мост, копира крст и коцка, црта човечк фигура со 2 до 4 делови покрај главата
игра со неколку деца со започнување на социјална интеракција, играње улоги
воспоставување на тоалетен тренинг, оди во тоалет само
скока на една нога, фрла топка, користи ножички за да сече
     сликички, спретно се качува

60 месеци
именува 4 бои, повторува реченица со 10 зборови, брои 10
     парички точно
црта триаголник од слика, распознава тежини (го именува
     потешкиот предмет од два споредени)
се соблекува и облекува самостојно, поставува прашања за
значењето на  зборовите, игра на улоги ( членови од семејството)
прескокнува препреки


Американската Академија на Невролози наброи 5 рани предупредувачки знаци за АСД (Filipek et al.,2000). Неспособноста на детето да ги постигне некои од овие развојни патокази е препорака за евалуација со цел да се исклучи аутизам.
ñ Отсутно гугање до 12 м.
ñ Отсутни гестови, покажување или мавтање ,,па па,, на 12 м.
ñ Ниеден прозборен збор до 16 м.
ñ Отсуство на два заеднички и спонтано изговорени зборови до 24 м, а тоа да не е ехолалија
ñ Губење на претходно постигнати говорни или социјални вештини на било која возраст
Во случај на одсуство на појава на очекуваните постигнувања за конкретниот период, развојно каснење, промени во развојните патокази или губење на претходно нормално воспоставени развојни достигнувања ве молиме да го земете тоа во предвив и да се обратите за консултација со професионалци, со цел утврдување дали станува збор за  нормална варијација во развојот или развојно отстапување.

ПЗУ КАЛИНКА Центар за Mентално здравје и Aутизам
Бул. Партизански одреди 149- мезанин, Порта Влае 1000, Скопје

Тел.    02 20 60 196
02 613 7414
Моб.   072 23 23 63
е- мејлinfo@kalinka.mk

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.