Tuesday, March 31, 2015

Влијанието на бајките на психолошкиот развојот на децата


 
 
 
ПЗУ КАЛИНКА Центар за Ментално здравје и Аутизам
Бул. Партизански одреди 149- мезанин, Порта Влае 1000, Скопје
Тел.    02 20 60 196
            02 613 7414
Моб.   072 23 23 63
е- мејл: info@kalinka.mk

Tuesday, March 3, 2015

Грижа и чување на детето

 

ПЗУ КАЛИНКА Центар за Ментално здравје и Аутизам
Бул. Партизански одреди 149- мезанин, Порта Влае 1000, Скопје
Тел.    02 20 60 196
            02 613 7414
Моб.   072 23 23 63
е- мејл: info@kalinka.mk 


 

Friday, February 20, 2015

ПСИХОМОТОРНА РЕЕДУКАЦИЈА

 
Психомоторна реедукација е термин кој го означува терапискиот правец чија основа ја чинат телото и движењата.
 
Моторниот развој на детето има големо значење уште од најраната возраст. Дразбите од средината кај детето предизвикуваат чувства на пријатност или непријатност, а секоја ваква промена е проследена со одредено ниво на мускулна напнатост и моторна активност.
Сетилата, чувствата, движењата и интегративните функции на мозокот се тесно поврзани со телото. Тоа претставува извор на задоволство, а преку првите движења се открива сопственото постоење, се остварува доживување на своето тело и телото во просторот. Истовремено, тие движења ја претставуваат и првата шема на искуства за себе, за светот кој не опкружува и за себе си во тој свет. На ваков начин се формираат првите обрасци на однесување кои ќе претставуваат пат за остварување комуникација и развој на сознајните функции. 
 
 
 
 
Во психомоторната реедукација се користи движење кое е поврзано со говор, допир и игра, со што плански и систематски се делува на развивање на моторните, когнитивни, емоционални и говорно-јазични способности. Преку движењата детето се запознава себе си, своето тело и другите во однос на себе и така станува свесно за своето постоење во просторот и ги зацврстува просторно-временските односи, а преку моторните активности развива и потреба за дружење, комуникација и социјализација.
 
Движењето, погледот, допирот, гласот и говорот, кои се составен дел на психомоторната реедукација, имаат за цел да му помогнат на детето да го надмине или ублажи проблемот со кој се соочува. Движењата преточени во вежби се прилагодени на способностите и можностите на детето и се поврзани со предизвикување пријатни искуства и создавање сигурност и доверба. Секое движење и секоја вежба која се изведува, јасно се именува и опишува. Во изведувањето на вежбите нема редослед, ниту шематизирана постапка. Вежбите се применуваат индивидуално и групно и се изведуваат во ненатпреварувачка средина.
 
Реедукацијата на психомотриката се применува во третман на деца со дисхармоничен развој, диспраксички потешкотии, первазивни развојни нарушувања, интелектуална попреченост, говорно-јазични проблеми и проблеми во однесувањето, како и кај хиперкинетско однесување и специфични проблеми во учењето и училишните вештини.
 
ПЗУ КАЛИНКА Центар за Ментално здравје и Аутизам
Бул. Партизански одреди 149- мезанин, Порта Влае 1000, Скопје
Тел.    02 20 60 196
            02 613 7414
Моб.   072 23 23 63
е- мејл: info@kalinka.mk
 
 

Wednesday, February 4, 2015

Комуникација со помош на слики – PECS метода

 
 
 
 
Што е PECS (Picture Exchange Communicaton System)?
 
            PECS е метода на комуникација преку слики која што се користи кај деца и возрасни кои што имаат потешкотии во комуникацијата. Овој метод за прв пат се развил 1985 година во Америка од страна на Lori Frost и Andrew Bondi кои имале намера да го користат во комуникација со претшколските деца кои што имале аутизам. 
Истражувањата покажале дека тоа е ефикасна метода која им помага на децата кои немаат развиен вербален начин на комуникација, па со својата околина комуницираат со помош на слики. PECS не ја оспорува и не ја намалува вербалната комуникација, затоа што секогаш се користи во комбинација со вербализација. Со користење на овој метод на комуникација може да се започне било кога и бргу се усвојува, а децата кај кои што бил користен PECS имале подобрување во вербалната комуникација.
 
За кого е наменета PECS методата ?
 
            PECS првично е развиен за претшколските деца со аутизам, первазивни развојни нарушувања, социјално-комуникативни пореметувања, деца кои што воопшто немаат говор или се ехолалични. PECS со текот на времето се развивал и сега го користат лица од сите возрасти. Во овој метод како начин за комуникација се користат картички со слики. На овој начин личноста може да си ги каже своите основни потреби и желби и ја редуцира фрустрацијата и социјалната изолација. Личноста ќе научи дека со поставување на раката на сликата со сок од портокал, таа и ќе го добие тоа. Ќе научи како да ги употребува картичките заедно и да формира реченици, што ќе влијае и на развојот на вербалната комуникација.
 
Како се користи PECS методата?
 
            PECS картичките ги има во продажба, меѓутоа тие може да не содржат некои специфични сликички од предмети кои се омилени на детето. Како алтернатива, може сами да си направите картички со слики и да ги прилагодите со желбите и потребите на детето. Картичките може и да ги поделите во категории, па детето полесно ќе може да ги користи. Пример категорија со овошје, зеленчук, играчки и слично.
 
PECS се учи низ шест фази и во текот на вежбањето се користат различни техники на бихевиорално учење.
 
Фаза 1 - Физичка размена
 
Крајна цел - Кога детето ќе го види предметот што го сака, во рака ќе ја земе сликата со тој предмет и ќе му ја даде на учителот.
Учителот мора прво да открие кој предмет детето го сака. Кога ученикот ќе посегне по сликата учителот треба физички да му помогне да ја земе сликата  и да ја стави во неговата рака. Кога детето ќе ја допре сликата, учителот треба вербално да му одговори “Ох, ти сакаш топка” и да му го даде предметот што го сака.
 
Фаза 1- Физичка размена
Фаза 2 -Развивање на самостојност
 
Крајна цел- Ученикот ќе отиде до комуникациската табела, ќе ја земе сликата која што му е потребна, ќе отиде кај учителот и ќе му ја даде. Во оваа фаза се зголемува растојанието помеѓу детето со картичките за комуникација и со партнерот со кој што комуницира.
 
Фаза 2 -Развивање на самостојност
 
Фаза 3- Разликување на слики
 
Крајна цел - Ученикот ќе научи да прави селекција од две или три слики за да го побара предметот што го сака. Тој  ќе го побара посакуваниот предмет со тоа што ќе отиде до комуникациската табела, ќе одбере една слика од низата, ќе отиде до личноста со која што комуницира и ќе и ја даде сликата.
 
Фаза 4 - Поврзување на реченици
 
Крајна цел - Ученикот ќе побара присутни и неприсутни предмети со употреба на повеќе зборови, со тоа што ќе отиде до книгата ќе ја земе сликата која означува “Јас сакам”, ќе ја стави сликата во низата за реченици, потоа истото ќе го направи и со сликата за предметот што го сака и на крај ќе ја земе низата за реченици и ќе ја даде на лицето со кое што комуницира. До крајот на оваа фаза ученикот би требало на комуникациската табела да има од 20 до 50 слики и да комуницира со поголем број на личности.                                                
 
Фаза 5-  Одговарање на прашање - Што сакаш?
 
Крајна цел - Ученикот е способен спонтано да побара различни предмети и да одговори на прашање - “Што сакаш?”. Потребно е да имате на располагање табела со слика “Јас сакам”, низа за реченици и слики од предмети. Учителот покажува на сликата “Јас сакам” и вербално прашува “Што сакаш ти?” Детето треба да ја земе сликата “Јас сакам” и да ја доврши размената. Оваа постапка треба да се повторува додека ученикот не стане успешен во 80% од случаите.
 
Фаза 5-  Одговарање на прашање - Што сакаш?
 
Фаза 6- Спонтано одговарање
 
Крајна цел - Ученикот соодветно одговара на прашања - “Што сакаш?”,  “Што гледаш?”,  “Што имаш?”  и слични прашања.
 
Фаза 6- Спонтано одговарање
 
 
ПЗУ КАЛИНКА Центар за Ментално здравје и Аутизам
Бул. Партизански одреди 149- мезанин, Порта Влае 1000, Скопје
Тел.    02 20 60 196
02 613 7414
Моб.   072 23 23 63
е- мејл: info@kalinka.mk