Thursday, September 18, 2014

Читање и пишување кај деца со Даунов синдром (0-5години)

Учењето читање се покажува како една од најефективните интервенции за да поттикнеме развивање и учење на говорот и јазикот кај децата со Даунов синдром. Вештините за читање и пишување се многу важни за писменоста и воопшто за секојдневниот живот кај сите деца. Исто така тие се многу моќни алатки за учење на говорот и јазикот кај децата со Даунов синдром, како и за стимулација на когнитивниот развој. Со развивањето на овие способности треба да се започне од најрана возраст, преку воведување и запознавање на малите деца да читаат уште од 2 години, кое подоцна ќе промовира развој на експресивен говор.
Значењето на раното читање за децата со Даунов синдром
Активностите со читање се најзначајниот метод кој го промовира говорот, јазикот и когницијата кај децата од предучилишна возраст со Даунов синдром. Ефективноста и бенифитите од “учењето читање за учење зборување” како метод биле претставени пред професионалците уште од 1979. Многу податоци покажуваат дека децата многу полесно учат зборови доколку ги гледаат истите напишани отколку само да ги слушаат аудитивно. Почнувајќи да ги учиме децата со Даунов синдром да читаат (подготвителен период, почетно читање) од 2 годишна возраст помага тие да ги надминат проблемите во учењето кои се асоцирани токму со овој синдром.
Учење читање-Клучни принципи
Учење на читање и пишување-Клучни принципи
  • започете најпрво со учење на цели зборови (фонетски подоцна)
  • започнете со зборовите кои што детето веќе ги разбира
  • одберете зборови за да изградите кратки реченици
  • стимулирајте развој на вештини за пишување паралелно со вештините за читање
  • подучувајте нов вокабулар и граматика преку пишување
Зошто читањето помага
Читањето го забрзува развојот и прогресот на експресивниот јазик
Децата со Даунов синдром од сите возрасти вообичаено имаат способности да учат многу поефективно од она што е напишано односно од она што го гледаат отколку од она што го слушаат. Поради тоа, децата ќе разберат и ќе запомнат како да ги изговараат зборовите и речениците многу порано доколку тие научат да читаат од помала возраст.
Раното читање го забрзува развојот на читањето во училиште
Повеќето деца со Даунов синдром ќе научат да читаат во училиште, дури и доколку не започнале порано, но отпочнувањето со читање на порана возраст ќе го забрза овој процес, дури и доколку детето може да чита еден или два збора пред да почне со училиште. Отпочнувањето со овој процес порано, може да превенира несакани задоцнувања во учењето читање на училиште.
Децата бенифитираат од читањето дури и кога тие неможат да читаат самостојно
Вклучува дневно читање приказни на децата, креирање на индивидуални и тематски книги.
Родителите се наjуспешни и најефикасни учители
Родителите играат огромна улога во развојот на читањето кај своите деца, преку овозможување пријатни искуства со книги, сликовници и преку играње на интересни игри со читање. Уживањето со книгите и игрите во семејна атмосфера ќе им даде на децата сигурност и поттик да продолжат да ги развиваат вештините за читање кога ќе почнат со училиште.
Родителите се наjуспешни и најефикасни учители
Бенифиции од учењето читање за учење говор и јазик

  • децата со Даунов синдром имаат потешкотии во учењето на јазикот доколку само го слушаат
  • визуелното учење е многу поефикасно околку аудитивното
  • пишаниот збор е многу поедноставно да се запомни околку изговорениот
  • пишувањето може да се искористи од 2 годишна возраст
  • сите зборови кои ни се цел за подучување треба да се учат со помош на визуелен материјал
  • читањето го помага развојот на говорот на ниво на фонеми (звуци), продукција на цел збор и реченици.

ПЗУ КАЛИНКА Центар за Mентално здравје и Aутизам
Бул. Партизански одреди 149- мезанин, Порта Влае 1000, Скопје

Тел.    02 20 60 196
02 613 7414
Моб.   072 23 23 63
е- мејлinfo@kalinka.mk

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.