Tuesday, September 16, 2014

Oкупациона терапија





          Окупационата терапија е вид на третман кој што е насочен да им помогне на лицата од сите возрасти кои што имаат функционално моторно, сензо-моторно, перцептивно, невропсихолошко и/или психо-социјално нарушување. Окупационата терапија се изведува од страна на универзитетски образовани терапевти или специјалисти наречени окупациони терапевти. Освен обучените професионалци (дефектолог, педагог, психолог, психијатар, социјален работник..) одлични терапевти може да бидат и родителите, баби, дедовци, учители и сите оние на кои што личноста им верува. Соработката со семејството при изведувањето на окупационата терапија е клучна и неопходна, затоа што тие најдобро ја познаваат личноста, нејзините желби, потреби и интереси.
Оваа терапија им помага на лицата да го подобрат квалитетот на својот живот низ изведувањето на различни активности, да станат посамоуверени, да се справат во секојдневните ситуации, да ги изведуваат различните улоги во нивниот живот, доколку ја немаат или ја изгубиле способноста поради болест, повреда или хендикеп. Едно лице да биде во можност да се справи во секојдневните ситуации , значи да ги совлада оние предизвици кои што си ги има поставено за себе си и оние кои што се наметнати врз него од неговото опкружување. После темелната проценка од страна на професионални лица, се разработуваат специфичните цели заедно со клиентот и/или неговото опкружување, се прави планот за третман и се одбираат средствата и методите за работа.
За целокупниот терапевтски процес се одговорни окупационите терапевти. Тие даваат прецизни инструкции за секојдневната рутина на клиентот, дома и на работа и ги поткрепуваат чекорите со цел за поголема самостојност. Во текот на терапевтскиот процес, зацртаниот план за третманот и методите мора да бидат прилагодени на можностите на клиентот и да се менуваат во зависност од новонастанатата ситуација и неговото напредување.
Целта е да се постигне максимална самостојност и слобода во секојдневниот живот и/или на работа.
                            



За кого е наменета окупационата терапија?

Окупационата терапија е соодветен вид терапија за:

Деца со развојни потешкотии (Первазивни развојни нарушувања, Аутизам, Ретов синдром, Аспергеров синдром);
Личности со интелектуални попречувања (Даунов синдром, Фрагилен X синдром, мозочно оштетување, церебрална парализа);
Деца со хиперкинетско однесување и пореметување на вниманието(ADHD);
Личности со повреда или болест (хронични болести, механички повреди, рак, мултипна склероза...);
Личности со социјални и емоционални проблеми ( пост-оперативни состојби, воспитно запуштени деца, психијатриски нарушувања, личности со Паркинсова болест, личности со Алцхајмерова болест,личности со социјални недостатоци или стари лица..).
                                  

Окупациона терапија


Окупационата терапија има за цел:

Помош и адаптација во средината на живеење, семејството и работното место;
Усмерување и задржување на вниманието;
Подобрување на расположението;
Поттикнување на комуникацијата;
Поттикнување на самостојност;
Поттикнување на самостојност и изведување на активности за грижа за себе во секојдневните активности;
Увежбување на перцептивните функции;
Увежбување на мануелната спретност;
Поттикнување на расположението;
Правилно менаџирање на стресот;
Делува на психосоцијалните активности (преку социјални контакти остварени низ работа во група);
Правилно менаџирање на слободното време (игра, спорт, хоби, интереси, социјализација);
Помага за контрола и ослободување на неприкладни импулси;
Помага за прифаќање на сопствениот идентитет на личноста.
                                                                                  
Окупациона терапија
                                         

Задачи на окупациониот терапевт:

Работно-тераписка процена и анализа на изведувањето на секојдневните активности кои ги опфаќаат подрачјата на активности за грижа за себе, продуктивност и активности во слободното време;
Работно-тераписка процена и анализа на сензомоторички, когнитивни и психосоцијални способности ;
Работно-тераписка процена и анализа на работното и друштвено-културолошко опкружување во кое се одвиваат секојдневните активности;
Воспоставување, обновување, одржување и/или модифицирање на изведувањето активности за грижата за себе (хранење, облекување, хигиена, бањање, функционална мобилност);
Воспоставување, обновување, одржување и/или модифицирање на изведувањето на продуктивни активности( куќни активности, професионални улоги и задачи, грижа за другите, волонтирање);
Воспоставување, обновување, одржување и/или модифицирање на изведувањето активности во слободното време( игра, хоби, одмор и рекреација);
Воспоставување, обновување и одржување сензомоторички, когнитивни и психосоцијални компоненти, активности со употреба на различни терапевтски пристапи, методи и техники;
Прилагодување на стамбеното, работното и друштвеното опкружување и способностите и потребите на поединците;
Советување и едукација на поединците, членовите на семејството, стручни лица, студенти.. ;
Следење на исходот на окупационата терапија;
Водење на документација за окупационата терапија;
Планирање и изведување на истражувања за секојдневните активности, за унапредување на здравјето и квалитетот на животот со чие развивање и окупационата терапија се заснова на докази.

Според ова окупационите терапевти ги третираат следниве компоненти:
Моторно/сензорно функионирање;
Когнитивно/перцептивно функционирање;
Друштвено/интеракциско функционирање;
Психолошко/емоционално функционирање.



                   
Соба за окупациона терапија



ПЗУ КАЛИНКА Центар за Mентално здравје и Aутизам
Бул. Партизански одреди 149- мезанин, Порта Влае 1000, Скопје

Тел.    02 20 60 196
02 613 7414
Моб.   072 23 23 63
е- мејлinfo@kalinka.mk

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.