Wednesday, September 17, 2014

Здрав стил на живот

Повторно ја почнуваме оваа година мотивирани да јадеме подобро, да вежбаме почесто, да пиеме помалку кофеин, се на се да воведеме позитивни и поздрави навики. Сигурно ова сте го пробале и претходно, но без некој посебен успех.
Да се направи промена на животниот стил е голем предизвик, посебно ако сакаме да промениме многу работи одеднаш.
Промената на животниот стил е процес кој бара време и поддршка. Иако сте спремни да направите промена, најтешкиот дел е да го исполните тоа. Затоа ви треба добар план како на пример поставување на мали и изводливи цели и исполнување на целите една по една.
Еве неколку совети како да направите позитивни промени во животниот стил и однесувањето што траат.
позитивни промени во животниот стил
Направете добро издржан план
Планот е тој кој ќе ве води. Кога ќе правите план бидете специфични. Ако сакате да вежбате почесто, тогаш во детал запишете во колку саатот , кој ден и колку долго. Запишете го на лист хартија и запрашајте се колку проценти сте сигурни дека можете тоа да го изведете. Ако не сте спремни за тоа, започнете помалку амбициозно. Кога се ќе си запишете залепете го планот негде каде што секогаш ќе можете да го гледате и да се потсетувате.
Започнете со малку
Откако ќе ги идентификувате реално вашите краткорочни и долгорични цели, поделете ги вашите цели на помали изводливи чекори кои ќе бидат специфични и кои ќе можете да ги мониторирате и измерите. Ако вашата долгорочна цел е да ослабете 20 килограми за 5 месеци, би било пожелно да си поставите краткорочна цел на симнување на еден килограм на една недела. Ако пак сакате да се храните поздраво, вашата цел може да биде замена на десерт со некоја поздрава опција како на пример овошје или овошен јогурт. На крајот на неделата ќе се чувствувате задовојно и успешно бидејќи ја постигнавте целта за таа недела.
Здрав стил на живот
Променете едно по едно однесување
Нездравите однесувања се развиваат со текот на времето, затоа замената на нездравите однесувања со здрави бара време. Многу луѓе наидуваат на проблеми кога сакаат да променат многу работи за кратко време. За да си го зголемите успехот треба да се фокусирате на една по една цел или промена. Кога новите и поздрави однесување ќе ви прераснат во навики, тогаш можете да додадете друга цел која ве носи кон главната цел кон која се стремите.
Вклучете пријател
Можете да вклучите пријател, колега или член од семејството кој би можел да ве мотивира и поддржува на ова патување. Може да биде и некој од теретаната или некој кој знаете дека сака да престане со некоја нездрава навика како пушењето на пример. Разговарајте за тоа што го правите. Важно е да имате некој со кој ќе можете да ги споделите вашите потешкотии и успеси. Преку споделување, патувањето кон целта може да биде полесно.
Побарајте поддршка
Прифаќањето на помош од тие кои се грижат за вас, ја зајакнува волјата и посветеноста. Ако ви дојде некогаш премногу или се чувствувате дека не можете да ја постигнете вашата цел можете да побарате професионална психолошка помош. Преку таа помош ќе се дискутираат емоции кои се појавиле во тој период, но и ќе се преиспитаат и постават вашите цели пореално и поизводливо. Таа помош може да е кртакотрајна, неколку сесии, што не значи психотерапија или лекување.
Здрав стил на живот

Правењето на промени кои ги посакувате бара време и посветеност. Но знајте дека можете тоа да го направите. Запомнете дека никој не е совршен и дека ќе се случуваат грешки. Бидете добри кон себе. Ако се случи да каснете колаче или да ја скокнете теретаната немојте да се откажувате. Малите грешки и сопки кон вашата дестинација се нормална работа и се случуваат. Важно е да ги надминете и да се вратите повторно на пат кон вашата цел.


ПЗУ КАЛИНКА Центар за Mентално здравје и Aутизам
Бул. Партизански одреди 149- мезанин, Порта Влае 1000, Скопје

Тел.    02 20 60 196
02 613 7414
Моб.   072 23 23 63

е- мејлinfo@kalinka.mk

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.