Wednesday, September 17, 2014

Депресија кај мајката и развојот на детето




Кај околу 8 до 10 % од жените се јавува хронична депресија – од слаби до јаки чувства на тага, повлеченост и стрес кои можат да траат со месеци или години. Понекогаш причините не можат конкретно да се одредт за депресивната состојба, едноставно овие чувства стануваат дел од животот на личноста. Во други случаи почетокот на депресијата се јавува после породување и не поминува и покрај стабилизирањето на хормоните кај жената и добивањето на сигурност во грижата за бебето. Овој тип на депресија се вика пост-партална депрсија. Во причинители се вбројуваат генетските, но и социјалните и културолошките фактори.  Депресивното расположение на мајката брзо влијае и на самото бебе. Во неделите после породувањето, новороденчињата на жени со депресија полошо спијат, помалку внимаваат и реагираат на околината и имаат покачено ниво на стрес хормони. Колку е потешка депресијата на мајката и колку повеќе има присутни стресни фактори ( брачни проблеми, лоша економска состојба, слаба социјална подршка) толку повеќе страда врската помеѓу мајката и бебето. Мајките ретко им се насмевнуваат, ретко ги смируваат или им зборуваат на своите бебиња кои пак како резултат на тоа реагираат со вртење на главата настрана, вознемиреност и плачење.  Ако оваа состојба продолжи со месеци кај детето веќе на 6 месеци може да се појават симптоми на ментално и емоционално каснење во развојот и потешкотии во поврзувањето со мајката. Депресивните мајки ги гледаат своите деца понегативно од другите луѓе и често се непостојани во дисциплинирањето што може понатаму да предизвика проблеми во однесувањето на детето.

Со тек на времето се случува децата да почнат да го имитираат однесувањето на родителот и да развијат песимистичен поглед кон светот, да имаат намалена самодоверба и да ги доживуваат своите родители и луѓето како закана. Иако децата на родители кои страдаат од депресија може се поподложни на емоционални потешкотии, сепак квалитетот на родителството игра голема улога во прилагодувањето на децата.





Раниот третман на мајката е клучен за превенирање ова растројство да ја наруши врската помеѓу мајката и детето. Често има потреба членовите на семејството да и помогнат на мајката да побара помош бидејќи самата мајка нема да има доволно сила сама да го направи тоа. Во некои случаи има потреба од препишување на антидепресивна терапија. Во повеќето случаи кратка психотерапија или советување вродува со голем успех и  расположението се подобрува. Како се подобрува расположението на мајката така и однесувањето кај детето се менува. За време на терапијата мајката ги преиспитува своите негативни погледи и доживувања кон своето дете  и се учи на позитивно посветување, чувствителност и трепеливост. Со позитивните промени кај мајката се подобрува поврзаноста со детето и се подобрува и напредува самиот развој на детето. Во случај мајката да не реагира на пружената интервенција тогаш таткото или некој друг член од смејството би требало да ја превземе грижата за детето.



ПЗУ КАЛИНКА Центар за Mентално здравје и Aутизам
Бул. Партизански одреди 149- мезанин, Порта Влае 1000, Скопје

Тел.    02 20 60 196
02 613 7414
Моб.   072 23 23 63
е- мејлinfo@kalinka.mk

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.